Во денешно време популарно е многу јавни личности да пишуваат и автобиографии каде раскажуваат за својот живот.
Директорот на „Гранд продукција“ истакна дека намера да пишува автобиографска книга.
„Јас ако пишувам автобиографија готова е естрадата, тука ќе биде почетокот и крајот“ изјави Поповиќ за прва.рс и му предложи на Дарко Лазиќ да пишува книга.
„Засега не размислувам за тоа, имам уште многу работи да живеам. Книгата сигурно ќе се продава и може да се вика „трета среќа“, се пошегува Лазиќ.
Познато е дека пејачката Јелена Карлеуша нема автобиографска книга, но во еден период од нејзината кариера таа пишуваше колумни.
„Тоа се пренесуваше од Вардар до Триглав, пренесуваа сите дневни весници и сите екс ју републики. Тоа беа многу читани колумни, но ми донесоа многу проблеми на професионален план“ вели Јеца и вели доколку би пишувала книга за својот живот таа би била многу искрена.
„Имав многу понуди, но се уште не е време“ вели Карлеуша.
Марија Шерифовиќ пред пет погодни ја издаде својата книга „Исповед“ во која зборува за својот живот, кариера, пријатели и сексуална определеност.