Во денешно време се повеќе се популарни пластичните операции со кои може да промените нешто на себе што не ви се допаѓа, а ова правило се повеќе е популарно кај јавните личности.
Парис Хилтон (38) тврди дека не правела ниту една пластична операција и открива дека од својата осма година користи ист производ кој и помага за нега на кожата.
Имено, Хилтон открива дека користи крема која чини 150 долари и вели дека нејзината мајка ја научила да се грижи за кожата.
„Мојата мајка ме учеше да се кријам од сонцето и колку е важна негата на кожата“ вели Парис која користи прозивод кој го носи нејзиното име и презиме.
Хилтон тврди дека никогаш не правела пластична операција.
„Целата сум природа и сум горда на тоа“ вели Парис.
Преходната година таа истакна дека не користи ботокс, но дека е опседната со својата кожа.
„Опседната сум со козметички производи и самата правам бренд. Сакам моите производи да бидат совршени и луѓето да немаат потреба да користат ботокос“, изјави Парис во една прилика.