Радио Милева свадбено патување

За Вељко и Богдана по свадбата на деценијата, меден месец од соништата (ФОТО)

За Вељко и Богдана по свадбата на деценијата, меден месец од соништата (ФОТО)

Минатиот викенд беше обележан со свадбата на Богдана Родиќ и Вељко Ражњатовиќ, за која се’ уште се зборува, а сега се појавија информации за медениот месец, како и за плановите на младите за заедничкиот живот.

„Во почетокот ќе живеат во вилата на Цеца. Богдана и Вељко сакаат да купат поголем стан на некоја добра локација во Белград. Бидејќи планираат голема фамилија, сакаат да имаат свој кров над главата“ – наведува извор на српски „Информер“.

Истиот извор навел дека младенците планираат меден месец, но се’ уште не знаат дали ќе отидат на истиот поради бременоста на Богдана. Споменатиот извор наведува дека убавата невеста сакала да го посети Дубаи, кој засега им е прв на листата за патување од соништата.

To top