Ристе Ристески со неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ја освои публиката со својата харизма и своите вокални способноси.
Иако во една сезона немаше успех, тој повторно се пријави во музичкото шоу и ја однесе победата.
По освојувањето на прво место во „Ѕвездите на Гранд“, Ристе се посвети на својата музичка кариера односно снимаше неколку настапи и редовно настапуваше во регионот.
За да може потполно да се посвети на својата професија, Ристе пред неколку месеци се пресели во Белград да живее, а таму и настапува.
Меѓутоа, освен што се посвети на својата музичка кариера, Ристе започна редовно да оди во теретана и да ја одржува физичката кондиција.
Македонскиот кандидат некогаш на социјалните мрежи знае да сподели фотографија како тренира и ја „билда“ кондицијата, а крајниот резултат се затегнатите мускули.
Ристевски деновиве одлучи да направи кратка пауза од секојдневните снимања и да направи „рестарт“ односно да го искористи слободното време за да се опушти.
Пејачот на социјалните мрежи објави фотографија на која позира гол во „запенета“ када, а на неа одлично се гледаат неговите мускули.
Па, дами исплакнете ги очите….
Инаку, Ристе пред извесен период беше во Сараево каде што ја подготвува својата нова песна.