Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5.
Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.
Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато.
Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето.
Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.
Градска општа болница 8-ми Септември-Скопје се огласи по информациите дека Боки 13 е хоспитализиран кај нив.
„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази.
Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“-информираат од болницата.
Извор: Курир.мк