Свадбата на деценијата на Вељко и Богдана веројатно не можеше да помине без скандал, кој сепак остана задскриен во сенка на веселбата.
Имено, среќата на младенците се обидоа да ја засенат поранешната девојка на Вељко – Маша Терзиќ и екс – момчето на Богдана од Тител – Урош, кој едвај дочекал да им се пожали на новинарите.
Имено, екс- девојката на младоженецот, Маша Терзиќ предизвика општ скандал со своите коментари на социјалните мрежи! Прво напиша дека не добила покана за венчавката, додека нејзините двајца браќа биле поканети, а потоа додала дека и таа набргу ќе стапи во брак, што е знак дека многу ја погодила среќата на Вељко и Богдана.
Од друга страна, чисто се сомневаме дека токму на денот на свадбата, новинарите случајно го сретнале и се запознале во Тител со поранешното момче на невестата – Урош, во кафуле недалеку од семејниот дом на Богдана. Тој седел, гледал и следел како пристигаат сватовите и свдбените гости и нервозно чекал да се појави убавата Богдана во нејзината венчаница! Друштво му правиле неговите најверни другари кои воопшто не криеле дека Богдана е најголемата и никогаш непрежалена љубов на Урош, тешејќи го дека ќе ја заборави со текот на времето! Тој признал дека се исплашил од Вељко, особено кога видел дека синот на Аркан од прва го погодил јаболкото.
„Нека и е со среќа, тоа беше тинејџерска љубов! Немојте да ме фотографирате, да не ме подбере Вељко со онаа негова пушка, со која го гаѓаше јаболкото“ – кусо рекол бившиот на Богдана.
Сепак, на нивниот најсреќен ден, младенците не дознале што се случува и колку се љубоморни нивните поранешни партнери заради свадбата, а и Цеца и Анастасија не сакале да им кажат ништо, иако веднаш разбрале што им кажаа на новинарите Маша Терзиќ и бившиот на Богдана, за кого пред тоа, тие никогаш не ни слушнале дека постои!