Цеца и Анастасија Ражнатовиќ оправдано беа меѓу највеселите на свадбата на својот син и брат, а веќе на три дена по свадбата се уште се коментира за тоа како беа облечени.
Сепак, едно нешто повеќето не го забележаа, а тоа е дека мајката и ќерката не носеа накит.
На свадбата имаше поставен дрес-код за гостите од кој жените мораа да носат тоалети, додека мажите одела.
Сепак, барем според објавените фотографии, една позната гостинка не го испочитува ова правило. Станува збор за Вики Миљковиќ која се појави во панталони.
Дали заборавила или во моментот како и повеќето жени не можела да се одлучи за фустан каков што треба, знае најдобро самата, но според она што го видовме, таа беше единствената дама која не се совпаѓаше по модните правила на Ражнатовиќ.