Мегафон Петтиот игран филм на Милчо Манчевски

„Бикини Мун“ на Манчевски на Софискиот филмски фестивал

„Бикини Мун“ на Манчевски на Софискиот филмски фестивал

 Играниот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 22-от „Софија филм фест“ кој ќе се одржува во март.

Организаторот на фестивалот, пренесува бугарската новинска агенција БТА, го најавува Манчевски како еден од најуспешните режисери на Балканот, потсетувајќи дека за „Пред дождот“ е добитник на Златниот лав во Венеција и номиниран за Оскар за филм на неанглиски јазик и дека „Бикини Мун“ му е најнов, американски независен филм.

Организаторите посочуваат дека публиката на Софија филм фест ги познава и другите филмови на Манчевски – „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, наведувајќи дека последните два се копродукции со бугарско учество.

Соопштуваат за приказната во „Бикини Мун“, како и податоци од професионалната биографија на Манчевски, меѓу кои дека живее во Њујорк каде што станал предавач по режија на Факултетот за уметности, кино и  телевизија на Њујоршкиот универзитет.

„Бикини Мун“ е петтиот игран филм на Милчо Манчевски и прв во кој не учествуваше Македонија. Се снимаше во Њујорк и премиерно беше прикажан во октомври на фестивал во Бразил.

извор:cooltura.mk

To top