Mузичкиот документарен филм „Свет без граници“ за македонскиот поп-рок состав „Легенда“, ќе ја има својата премиерна проекција на 9 февруари во Центарот за култура „Иљо Антески-Скмок“ во Тетово, со почеток во 19:30 часот.
Во филмот учествуваат Кокан Данајлоски, Ена Веко, Влатко Мишески, Александар Јовановски, Игор Бачоски, Драгиша Лекоски, Живорад Сарџоски, Евдокија Данајлоска, Александар Михајловски, Драги Неделчевски.
Сценарио и режијата се на Билјана Билбилоска и на Глигор Кондовски, камера: Александар Стојановски – Цули, а монтажата е на Глигор Кондовски.
извор:новамакедонија