Радио Милева

Миа Костова ја прозва Наташа Беквалац, а новосадската барбика не и остана должна (фото)

Миа Костова ја прозва Наташа Беквалац, а новосадската барбика не и остана должна (фото)

Според некое непишано правило, секој од нас има двојник некаде низ планетата земја, а нашата ТВ водителка Миа Костова смета дека нејзината копија кога е физичкиот изглед во прашање, е пејачката Наташа Беквалац.

Дека Миа ја сака музиката на новосадската барбика, покажа минатата година кога се снимаше додека пее еден од хитовите на пејачката, а тогаш тоа и се допадна на Наташа и го сподели видеото од Миа на својот Инстаграм.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kako-klonirani-makedonskata-tv-voditelka-i-novosadskata-barbika-se-kako-sestri-bliznachki-video/

Сега пак, Миа алудирапше на нивната физичка сличност и една своја фотографија ја опиша со зборовите дека некогаш на своите деца ќе им каже дека на таа фотографија е Наташа Беквалац.

Како дополнување, Миа ја означи и српската пејачка која не и остана должна и веднаш и возврати во приватна порака со симбол од срценце.

Миа секако ова не сакаше да остне само како интерен виртуелен разговор, па ова го објави јавно пред своите следбеници.

фото:наташа беквалац/инстаграм

Очигледно и Наташа се согласува со ова, а ласкањето од година во година преминува и во пријателство.

To top