Радио Милева

Јелена Розга одговори на шпекулациите дека е во љубовна врска со 12 години помладо момче

Јелена Розга одговори на шпекулациите дека е во љубовна врска со 12 години помладо момче

Регионалните медиуми неодамна пишуваа дека 41 – годишната хрватска пејачка Јелена Розга е во врска со 12 години помлад Белграѓанин.

Наводно парот се запознал во текот на летото преку заеднички пријатели во Србија, а анонимното момче на пејачката се занимава со консалтинг.

„Разликата од 12 години не им прави никаков проблем. Тој се грижи за неа, ја чува  и милува и сто проценти и е наклонет. После Стјепан Хаусер, кој наводно кон неа бил лош, повеќе од потребен и беше човек кој е сосема спротивен од него“ – речкол извор близок до момчето.

фото: Принтскрин/инстаграм/јеленарозга

Шпекулациите започнаа кога фановите забележаа дека Розга се повеќе време поминува во Белград.

По сите нагодувања и шпекулации, Јелена се огласи преку својот „Инстаграм“ и откри пишувањата не се точни и дека е слободна.

„Се пишува дека имам момче…повторно…Дека е млад, па и згоден. Ако некој го познава, нека ми се јави. Би сакала да го запознам“  се нашали пејачката на сметка на својот љубовен живот.

фото: Инстаграм

Хрватската пејачка неодамна изјави дека поради притисок на јавноста нема намера да се венча, но бара некој кој ќе биде племенит, духовит и кој ќе има разбирање.

 

To top