Најплатената актерка Скарлет Јохансон (35) наскоро по трети пат ќе заплива во брачните води и тоа со свршеникот Колин Џост.
Парот се сврши во мај оваа година, а за врската меѓу актерката која е прогласена за најубава жена на светот и две години постариот комичар започна да се зборува уште пред две години.
„Бракот меѓу двајца актери е голем предизвик бидејќи секогаш едниот е поуспешен. Партнерот мора да биде сигурен во својата љубов, но и во својата кариера“ изјави Скарлет во една прилика.
Првиот сопруг на Јохансон исто така беше актер, односно Рајан Роналдс со кого беше во брак 3 години. По првиот развод, актерката шокираше со изјава.
„Мислам дека бракот е една убава и романтична идеја и може да биде супер, но мислам дека не е природно да го поминете остатокот од животот со истата личност“ изјави актерката.
Скарлет пред врската со Колин беше мажена за францускиот новинар Ромен Доријак со кој има двегодишна ќерка, а потоа беше мажена со актерот Рајан Рејнолдс.
Колку ќе трае овој брак на актерката останува да видиме.