Вељко и Богдана Ражнатовиќ по венчавката во храмот Света Сава се упатија на граѓанска венчавка каде официјално станаа сопружници, а невестата го зема презимето Ражнатовиќ.
Во хотелот веќе пристигнаа голем број гости, а се очекува нивниот број да биде околу 500.
Свадбената веселба се случува во хотелот „Хајат“, а први меѓу гостите пристигнаа: Ацо Пејовиќ, Снежана Ѓуришиќ со партнерот, Сања Маринковиќ, Милан Калиниќ, Вики Миљковиќ, Саша Матиќ со сопругата, ивица Тончев, Слаѓа Алегро, Ивица Дачиќ, Жељко и Милица Митровиќ, Ана Николиќ и други…
Инаку, целата сала е уредена со мотиви од „дрвото на животот“, донесена од Холандија. Бели балони на плафонот, букети од бели ружи на масите…
Како што се пишуваше претходно, Цеца организирала да има кралска порција за секој гостин која изнесува 75 евра.