Популарната српска пејачка Дара Бубамара (43) се поднови со луксузен автомобил и се пофали на своите следбеници на Инстаграм.
Како што напиша пејачката, белиот „Мерцедес“ си го купила сама и за него одвоила цело богатство.
Цената на „бесниот ѕвер“ на пазарот се движи околу 150 илјади евра.
– Мојот автомобил доаѓа- Дара ги извести своите следбеници не можејќи да ја сокрие радоста и возбудата.
„Почнав од нула“, напишала пејачката за снимката каде го изнесува автомобилот од салонот.
Бубамара на социјалните мрежи сподели и како изгледа внатрешноста на скапата машина.
– Каков звук! Многу јак автомобил за мене јака- напиша Дара доплнувајќи со молња емотикони.
Инаку, познато е дека Бубамара е голем љубител на спортските автомобили и брзото возење.