Српската пејачка Наташа Беквалац заедно со Весна Дедиќ и Јелена Бачиќ – Алимпиќ, на 27 ноември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе бидат специјални гостинки на регионалната конференција за жени „Профемина“.
Новосадската барбика за прв пат пред македонската публика јавно ќе зборува покрај професионалните успеси и за сето она што и го обележало нејзиниот приватен и брачен живот, личните емотивни подеми и падови.
Пред посетителите во хотелот „Александар Палас“ ќе ја открие и тајната на својот младешки изглед, својата рутина за нега и разубавување, начинот на исхрана и живот.
Покрај овие познати дами од соседството, учество на конференцијата ќе земат и голем број на познати и еминентни имиња од домашната јавна сцена.