Пејачката Милица Тодоровиќ качи неколку килограми кои очигледно не и пречат, но за разлика од своите колешки на српската естрада, Милица не користи фотошоп за да ги коригира недостатоците за да ја разубави реалноста.
Имено, Милица на својот Инстаграм профил објави фотографија на која очигледно е уморна, а покрај тоа на лицето нема шминка и носи спортска облека.
„Свежа сум“, напиша пејачката, а обожавателите и порачаа дека и е потребен сон и повеќе одмор.
Сепак, многумина и признаа дека и во вакво издание е привлечна како и секогаш.