Младата прељубничка Милијана Божиќ го изневери повозрасниот сопруг Милојко во вилата на реалното шоу „Парови“ со Немања Стаматовиќ – Жабац, но изгледа дека тоа не е ништо, зашто наскоро може да дојде до поголем заплет!
Имено, во шоуто би можел да се врати легендарниот учесник, кралот на сточарите во република Српска, Илија Граховац, попознат како „Змејот од Шипово“, најавуваат од продукцијата.
„Змејот слушнал дека Милијана се жали на Милојко и Жабац, па затоа е подготвен да дојде во вилата и на девојката, а и ним двајца да им да покаже како треба да се однесуваат со неа. Вели дека е вистинскиот човек за неа!
„Тој е вистински крал на риалити забавата!“ – изјавил добро информиран извор и додал:
„Шоуто допрва започнува. Змејот е еден од најдобрите ријалити играчи, па Милијана дефинитивно ќе падне на неговиот шарм. А штом му легне в кревет… Ќе ‘откине’ по него. Преку ноќ ќе ги заборави и Милојко и Жабац!