Луна Ѓогани е позната на јавноста по учеството во реалното шоу „Задруга“ каде што во втората сезона ја однесе победата.
По излегувањето од реалното шоу, Ѓогани започна музичка кариера, па сними две песни („Девети круг и „У љубави луда) и започна со настапувања. А токму првиот настап на Луна и беше во Македонија односно во Струмица, па во Кавадарци.
Викендов, Луна настапуваше и во Штип, а пред камерите на естрадниот магазин „Бекстејџ“ проговори за својата кариера.
„Можам да кажам дека се навикнав, ми требаше малку време. Јас тоа го знаев, но не мислев дека е вака“ вели Ѓогани.
На прашањето на кого помислува кога ќе се спомне зборот грешка, Ѓогани вели:
„Зависи како сум расположена. Ако сум добро расположена, тогаш велам дека никој во животот не ми е грешка бидејќи од сите тие животни лекции научив нешто. И тоа момче, за кое понекогаш мислам дека е грешка, ме научи нешто. Кога сум лута и бесна, велам дека тоа момче е грешка во мојот живот“ вели Ѓогани.
Луна на кратко го прокоментира и учеството на нејзиниот татко во реалното шоу „Задруга 3“.
„Многу сум воодушевена. Не очекував дека толку добро ќе издржи. За сега, можам да кажам дека одлично издржува“ вели пејачката и додава дека не и се допаѓа како Владимир се однесува со Гаги.
„Не сакам кога посилниот ќе удри по послабиот. Мислам дека реалното шоу не е место дека некој треба физички да се пресметува, да се заканува. Тие закани ќе ги решиме на друг начин, нема да ги решаваме со насилство. Се ќе си дојде свое“ вели Ѓогани.
Целото интервју погледнете во видеото подолу.