Џенифер Лопез (50) не може да ве остави рамнодушни и да постигне било што освен голем успех.
Таков резултат постигна и со филмот “Hustlers“ во кој таа ја толкува улогата на стриптизетата Рамона, а Џеј Ло не се штедела целиот свој сексапил и перверзност да ги истакне пред камерата за што подобро да јa долови улогата на Рамона.
Иако филмот е преполн со жешки сцени, овие два кадри со сигурност се најжешките и тоа не само во филмот, туку и во целата кариера на пејачката и актерка.
Станува збор за нејзиниот танц во белиот бикини костим кој што е таков што “таму долу“ има само една лента, односно линија која и баш не прекрила сè што требало да се покрие.
Во една поза Џенифер ги шири нозете во вид на шпага, па нејзиниот задник е во прв план.
Потсетување, штом го заврши снимањето за овој филм, таа веднаш договори снимање на друг филм „Marry Me“ на кој веќе почна да работи.
Џенифер моментално е свршена со спортистот Алекс Родригез, но вели дека поради многубројните обврски нивната венчавка нема да се случи во скоро време.
„Мора да избереме датум, време и сè да резервираме навреме, но дефинитивно разговараме за тоа зошто бракот ни е многу важен. И двајцата доаѓаме од традицонални семејства. Секој сака некој со кој заедно ќе остари. И на крајот од денот не е ни важно колку пари заработуваме“ – изјавува Лопез за странските медиуми.