Радио Милева

Џони Деп повторно е сам: Поранешната девојка го напуштила актерот без објаснување

Џони Деп повторно е сам: Поранешната девојка го напуштила актерот без објаснување

На крајот на април започнаа шпекулациите дека холивудскиот актер Џони Деп е повторно заљубен и тоа во руската танчерка Полина Глен.

Џони ја запознал на една забава во 2018 година, а на почетокот на 2019 година, актерот и танчерката се видени во Белград. Како што пишуваа медиумите, наводно Русинката се вселила во домот на Џони Деп.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/so-ovaa-devojka-go-ulovija-dzoni-dep-vo-belgrad-toj-e-ludo-zaljuben-vo-nea-a-planiraat-i-svadba-foto/

Приказните одеа до таа мера што се пишуваше дека наводно актерот сака да ја ожени оваа Русинка. Меѓутоа, медиумите сега тврдат дека танчерката заминала од животот на Деп поради преголемиот притисок на јавноста.

фото: инстаграм

Според пишувањата на „Дејли Мејли“, таа ги собрала работите од неговата вила, а на блиските пријатели им признала како се исплашила од медиумскиот притисок и само сакала да се повлече.

За потсетување, актерот во последно време беше во центарот на вниманието поради краткиот брак со Амбер Херд, а по разводот започнаа обвинувања од двета страни.  Амбер тврдеше дека актерот ја злоупотербувал психички и физички, а слични обвинување имаше и Џони Деп.

To top