Радио Милева

Огнен Амиџиќ призна: „Пијан водев емисија и пробав дрога“

Огнен Амиџиќ призна: „Пијан водев емисија и пробав дрога“

Водителот Огњен Амиџиќ беше на „блиц полиграф“ каде откри дека пијан ја водел својата емисија „Амиџи шоу“,па веднаш ја откри причината зошто бил во алкохолизирана состојба.

Имено, тој вели дека пред да започне неговата емисија сака да пие по една чаша за да се опушти.

„Јас сакам да пијам пред емисија, а сакаат да пијат и гостите. Мислам дека тоа е здраво, малку да се опуштиме бидејќи емисијата оди во живо. Под тој адреналин, алкохолот бргу испарува, но никогаш не се пие повеќе од една чаша. Меѓутоа, се случи еднаш, во емисијата гости беа пејачи, Нада Топчагиќ водеше оро. Донесоа пијалок, се напивме ние, се напи публиката, се напија камерманите, значи сите се напивме“ објаснува водителот.

фото: Принтскрин/блиц

Огнен објасни дека пробал и марихуана додека бил на факултет.

„Верувале или не, никогаш. Освен марихуана на факултет, но тоа само затоа што конзумираше и екипата со која студирав, па ми беше сеедно кога седев со нив дали активно или пасивно конзумирам“  вели водителот за „Блиц полиграф“.

фото: Принтскрин/блиц.рс

На прашањето дали често посетува „sexy shop“ тој вели дека не е точно.

„Не, тоа навистина не е точно. Бев два пати во животот и тоа кога снимав“ вели водителот и додава дека во неговиот телефон нема интимни снимки.

To top