Кралицата Елизабета е во шок, пишуваат британските медиуми.
Иако би требало како и останатите членови на кралското семејство да биде вклучена во подготовките за венчавката на внукот Хари, таа тагува.
Главната дама на Англија пати бидејќи и починаа лебедите. Во нејзиниот дворец таа имаше седум од овие птици кои се пронајдени мртви, а тоа е причината кралицата да биде тажна.
-Ги обожава своите лебеди, а инаку е голем љубител на животните, вели еден од вработените. Се сомневаат дека птиците заболеле од птичји грип кој се појавил меѓу нејзините миленици.
Инаку, кралското семејство е во големи подготовки за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл која ќе се случи на 19-ти мај.