Како што пишуваат храватските медиуми, поранешниот стилист на Северина Којиќ, Петар Трбовиќ наводно ја прекинал соработката со хрватската пејачка.
Имено, стилистот кој 12 години работеше со Сеерина, тврди дека нејзините нови соработници ги украле идеите за костимите кои се направени за турнејата на Северина.
„Му честитам на Петар Моврин. Чудна реинтерпретација за моите идеи за костимите на Северина. Се случи кражба на магијата“ напиша Трбовиќ на социјалните мрежи.
Тој ја откри и причината зошто повеже не соработува со хрватската дива.
„Со Северина со задоволство работев цели 12 години.Во последно време, професионалните одлуки почнаа да ги донесуваат луѓе со кои немав заеднички јазик. До прекинување на соработката дојде во текот на планирањето на нејзината турнеја. Требаше да ја работам кореографијата, но поради приватни и професионални причини одлучив да се повлечам. Се радувам на новите соработници и проекти, а на Севирина и посакувам многу професионални успеси и уште повеќе среќна на приватно поле“ вели Трбовиќ за „24сата.хр“.
За потсетување, Северина со концерт во Сплит ја започна својата турнеја „The magic tour“.