Летиција Калдерон (49) го доживеа врвот во својата кариера кога како 29 годишна девојка го играше ликот на Есмералда во истоимената сапуница.
Калдерон се уште снима сапуници, а во 2014 година призна дека кога ја глумела Есмералда се борела со зависноста од кокаин. Од пеколот се извлекла дури кога нејзината најдобра другарка починала од преголема доза.
-Бев млада, на врвот од кариерата, полна со пари и се ми беше достапно. Непромисленоста ме чинеше живот –вели таа.
Актерката зад себе има два брака, а од вториот сопруг во 2005 година роди дете со Даунов синдром.
-Поласкана сум што ми е син, вели актерката која пред неколку години ја поврзуваа со актерот Хосе Ајалом (29). Иако нивните пријатели тоа го потврдија, актерката ги демантираше наводите како шпекулации.
Денес, Есмералда е непрепознатлива, па доколку не го прочитате нејзиното име, тешко би погодиле дека станува збор за истата жена.