Радио Милева

Разголена под туш во романтичен амбиент: Лоба си дозволи уживање за сите сетила на Копаоник (видео)

Разголена под туш во романтичен амбиент: Лоба си дозволи уживање за сите сетила на Копаоник (видео)

Пејачката Викторија Лоба претстојната 2020 година ќе го каже судбоносното „да“ на својот сакан Ѓорѓи.

Но, пред да се случи тој значаен чин, заљубените гулапчиња, иако веќе неколку години живеат заедно, често знаат да се разгалат со патувања на разни дестинации.

фото:викторија лоба/инстаграм

Овој пат нивниот избор беше Копаоник, а иако се уште нема снег и не владее зимска идила, тие решија да си дозволат едно поинакво романтично уживање во луксузниот хотел каде се сместени.

фото:викторија лоба/инстаграм

Лоба постојано објавува фотографии и видеа од амбиентот, а на една од снимките е разголена по бикнини под тушот од спа-центарот на хотелот каде пејачката најмногу ужива.

За Лоба не треба има посебна прилика за да си ја опушти душата и да си го разгали срцето, а секако и да „фрли“ некоја дополнителна искра во љубовниот живот или да направи пробен меден месец.

To top