Ана Севиќ неодамна на кратко ја раскина својата врска со српскиот бизнисмен Даниел Недељковиќ, а причина за нивното раскинување беа ненадминливите разлики.
Меѓутоа, српските медиуми шпекулираа дека Дарко Лазиќ е виновен за нивното раскинување бидејќи неодамна Ана и Дарко поминаа време заедно со нивната ќерка, а исто така пејачката се појави и на неговиот концерт во Сава Центар.
Севиќ одлучи да стави крај на сите шпекулациии и да открие дали нејзиниот бивши сопруг е виновен за раскинувањето со Даниел.
„Дарко никогаш нема да биде причина за нешто во мојот живот. Дарко и јас ставивме крај на нашиот брак. Така да, нема место за такви приказни. Јас, како и секоја друга жена, имам несоголасувања сама со себе, а не со некој друг. Нема потреба за грижа, се е во ред“ изјави Ана за „Пинк“.
За потсетување, Ана и Даниел успеа да ги надминат несогласувањата и се повторно заедно.