Ла Тоја Џексон, (63), сестрата на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон, изгледа застрашувачки откако по бројните операции, стана клон на својот покоен брат!
Ла Тоја беше фотографирана во еден салон за убавина во Лос Анџелес, каде и ги средувала ноктите, а во јавноста се појави облечена со огромен шешир.
Сестрата на починатиот Мајкл на себе носела црна тесна тренерка што ја истакнуваше нејзината тенка фигура, а она што ќе го привлече вниманието на сите е разобличеното лице на Ла Тоја, за кое оние што ја познаваат велат дека и е уништено од премногу пластични операции.
Ла Тоја се сметаше за вистинска убавица, а сега, препознатливи се само темните очи и нејзината насмевка. Таа ја започна својата кариера на телевизија, учествувајќи во многу емисии, подоцна издаде неколку музички албуми, а беше препознатлива и по тоа што како и Мајкл, одлично танцуваше.
Ла Тоја животот воопшто не ја галел, па таа преживеала неколку семејни и љубовни драми и трауми. Таа и Мајкл немаа грижлив татко, туку човек кој изгледаше како чудовиште кое ги тепаше и злоупотребуваше. Музичкиот менаџер Џо Џексон ги малтретирал своите деца, принудувајќи ги да вежбаат, да пеат и танцуваат деноноќно.
Ла Тоја беше омажена за покојниот Џек Гордон, кој неи дозволувал да биде блиска со семејството, и се заканувал и физички ја малтретирал, а во една прилика ја удрил толку силно што ја загубила свеста.
Ла Тоја објави дека насилно се омажила за Џек во 1989 година, а тие се развеле кога ја терал да снима порно филмови, под негова продукција.
„Тој ме заклучуваше во плакарот, не ми дозволуваше да читам списанија, а штом ме видеше како разговарам по телефон, добивав ќотек“ – отворено признала Ла Тоја која сега изгледа застрашувачки откако по бројните операции, станала клон на својот покоен брат Мајкл.
Фото:Профимедиа