Радио Милева

Јелена Розга не била, а требала да оди „под нож“: Кога бев на почеток на кариерата, во групата „Магазин“ ме тераа да го смалам носот, а да ја зголемам устата (ФОТО)

Јелена Розга не била, а требала да оди „под нож“: Кога бев на почеток на кариерата, во групата „Магазин“ ме тераа да го смалам носот, а да ја зголемам устата (ФОТО)

Јелена Розга, атрактивната сплиќанка со моќен глас и привлечен стас е една од ретките кои не поминале низ естетски корекции и успева да одолее на овој глобален тренд, за разлика од повеќето нејзини колешки.
Иако за мажите е совршена ваква каква што е  и апсолутно не гледаат никакви недостатоци на неа, некои луѓе сепак сметале дека Розга треба да мсени одредени делови од телото.

„На почетокот на мојата кариера кога дојдов да пејам во  групата ‘Магазин’, ми беше кажано дека треба да ја зголемам устата, а да го стеснам носот… Имаше тука сè и сешто. Можеби требало, така што носот би ми бил поубав сега, но не прифатив. Сепак, не сакав, јас сум јас и не мислам дека има потреба да се менувам. Има толку многу убави девојки кои се унаказија со пластичните операции“ – изјавила Розга за српски „Блиц“.


Пејачката е шокирана од фактот дека младите девојки одат на естетски корекции и за тоа ја имаат поддршката од своите родители.

„Искрено, не можам да разберам дека родителите ги честат децата, купупувајќи им на подарок силикони за нивниот роденден“ – заклучи Розга, при посетата на Белград, каде има бројни обожаватели.

To top