Пејачката Ана Николиќ по породувањето се бореше со вишокот на килограми, па често добиваше критики за нејзиниот изглед.
Пејачката одлучи да се врати во форма и да го врати својот првобитен изглед. Имено, Николиќ драстично ослабна, а сите зборуваат за нејзината трансформација и пејачката повторно изгледа како порано.
Пријателката на Ана, Наташа Бекевалац во емисијата „Премиера“ откри што мисли за успехот на Ана.
„Ана е многу убава и згодна жена, во прашање беше кога повторно ќе се врати во онаа состојба да биде задоволна сама со себе. И се може, сега одлучи да е слаба и слаба е“ вели Беквалац.
За потсетување, Ана Николиќ се разведе од Стефан Ѓуришиќ Раста и некој период не беше активна во медиумите.