Голем број на познати личности се појавија на една од забавa во Белград, меѓу кои и една од најголемите музички sвезди на Балканот, Цеца Ражнатовиќ, која сега е во фокусот на интересот на медиумите заради свадбата на синот Вељко.
Цеца за Пинк.рс откри дека во тек се подготовките за венчавката на деценијата.
– В недела повторно имаме прослава, Вељко ќе ја прави својата момачка вечер. Турбо е сè овие денови. Ќе ги почитуваме традиционалните обичаи, ќе ја купиме невестата, сè ќе биде во еден ден, и црковна и граѓанска свадба. Мислам дека ќе биде убав ден – раскажува Цеца за Пинк.рс и открива дали снаата на Богдана ќе се омажи во нејзината венчаница, како и дали нејзиниот наследник Вељко ќе ја ожени својата убава половина облечен во униформа на неговиот татко Аркан .
„Не можам да ви кажам ништо, и од каде ви е тоа дека Богдана ќе ја облече мојата венчаницата?“ Исто така дека Веjко ќе носи униформа, што е дезинформација. Јас не дадов никаква изјава, имаше повеќе шпекулации, затоа што е интересно за медиумите, но јас барам да остане меѓу семејството. Знам дека сме атрактивни за медиумите, но ние чуваме нешто за себе – рече музичката ѕвезда.