Радио Милева

Тамара Тодевска јавно и се обрати на Елена Ристеска, па и даде до знаење што навистина мисли за неа (фото)

Тамара Тодевска јавно и се обрати на Елена Ристеска, па и даде до знаење што навистина мисли за неа (фото)

Како  дел од јавниот свет и под будното око на јавноста, се следи секој чекор на познатите, нивниот интерес, ангажмани, приватен живот.

Бидејќи во денешно време секој втор станува пејач, водител односно јавна личност конкуренцијата се повеќе расте, а со тоа расте и предизвикот да се изборат да бидат пред објективот.

Многумина јавни личности за своите колеги, колешки имаат само позитивни и убави зборови. Меѓутоа, некои тврдат дека кога ќе се исклучат камерите владее љубомора и лицимерие.

Кога станува за српската естрада, како можеби единствена личност која нема влакна на јазикот е Јелена Карлеуша.

Кога е пак станува збор за македонската естрада, може да се појават разни приказни, шпекулации, коментари.

Така, неодамна „Слободен печат“ објави шпекулација дека македонските пејачки Елена Ристеска и Тамара Тодевска не се следат на „Инстаграм“, па се наметнуваше прашањето дали двете колешки и пријателки се скарани.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/otkako-vo-mediumite-se-pojavija-shpekulacii-deka-se-skarale-tamara-i-elena-poznatata-pejachka-se-oglasi-i-ja-otkri-vistinata/

Ристеска ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека тоа е голема лага.

Елена и Тамара на македонската сцена не само што важат за добри пејачки, туки и за добри другарки, а често може да ги видиме заедно на некои случувања, а тие заеднички дружби ги овековечувааат со фотографии.

фото: Принтскрин/инстаграм

Деновиве, Тамара на својот „Инстаграм“ објави фотографија со својата колешка, а во истата го даде следното објаснување:

„Колешка и другарка каква секој би посакал. Те сакам“ и порача Тодевска на Ристеска.

фото: Инстаграм/тамаратодевска

Дали можеби овие две колешки во блиска иднина ќе ги вкрстат гласовите и ќе излезе некој хит, останува да видиме.

To top