Некои жени во љубовта се водени од мотото „Подобро е да се сака и да се изгуби отколку никогаш да не се сака“, додека други брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и се откажуваат.
Овен
Жената родена во овој хороскопски знак толку страсно влегува во врската што заборава дека секоја врска има свои ризици и дека не секогаш сè ќе биде како што треба. Таа едноставно им се препушта на пеперутките во стомакот.
Овие жени многу се трудат во врската, а тоа понекогаш може да биде еднострано, таа да се труди, а тој не. Тие сакаат да ги изненадуваат своите партнери со слатки подароци и да планираат романтични настани.
За среќа, Овните брзо забележуваат кога другата страна не се труди и тогаш самите се откажуваат од врската.
Близнаци
Жените родени во овој хороскопски знак обожаваат да влегуваат во нова врска бидејќи тоа ги возбудува. Тие сакаат истовремено да чувствуваат и нервоза и привлечност. И покрај стравот, овие жени искрено зборуваат за своите чувства.
На почетокот на врската тие можат да бидат наметливи при изразувањето на своите чувства и при обидувањето да му угодат на партнерот. Токму тоа е причината зошто нивните љубовни врски траат толку кратко време.
Вага
Вагата е многу лојална на својот партнер и избегнува конфликти по секоја цена. Таа толку многу го сака својот партнер што му дава сè и прави сè за него. На овој начин, таа всушност изразува восхит.
Жените родени во овој хороскопски знак се несебични и лесно можат да се почувствуваат повредени ако проценат дека партнерот не го прави истото. Вагите го гледаат најдоброто кај мажите со кои се во врска и најчесто се расеани и токму тоа е причината за скршено срце.
Стрелец
Овие жени често се арогантни во врската, но се заљубуваат до уши и сакаат со сето свое срце. На почетокот на врската, тие доживуваат налет на страст.
Тие се свесни дека можат да бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сепак, во таа врска влегуваат страсно. Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец брзо стануваат отворени со партнерот и ранливи. Тие зборуваат за емоциите многу искрено и се водени од мотото „Подобро е да се сака и да се изгуби отколку никогаш да не се сака“.
Риби
Жените родени во овој хороскопски знак се многу искрени и емотивни. Кога сакаат некој, нема да играат игри и нема да мислат дали ќе бидат повредени. Овие жени имаат целосна доверба во својот партнер и целосно им се отворени. Тоа е и причината зошто најчесто се повредени.
Рибите се свесни за тој ризик, но сметаат дека вреди тоа што го доживуваат во тој момент.
извор:кафепауза.мк