Гледачите на турските серии се сеќаваат на убавата актерка Ебру Озкан која ја играше улогата на Дилара во серијата „Парампарче“.
Веќе е познато дека таа во 2016 година се омажи со својот колега, актерот Ертан Шабан кој е роден во Скопје, а во месец јануари ја добија својата ќерка Бирчик.
Турските медиуми секогаш во чекор ги следат познатите, па така беше и овој пат кога го „уловија“ Ертан во друштво на еден свој колега и непозната русокоса додека седат во едно кафуле.
Најпрвин тие разговараат, а потоа почнуваат да се прегрнуваат и стануваат се поблиски.
Кога забележаа дека ги снимаат, жената се потруди да се тргне од камерите и да го сокрие своето лице, додека Ертан на новинарот му кажа:
-Не правете бесмислици. Видете пријатели, јас сум оженет човек и имам дете, не може да има такво нешто, вели Ертан и продолжува да ги убедува новинарите да не објавуваат.
Сепак, ова е главна тема во турските медиуми, а видео снимката кружи на интернет.