Пејачката Цеца Ражнатовиќ вчера во попладневните часови го напуштила својот дом во Дедиње и се упатила кон Клиничкиот центар Србија.
Имено, фолк ѕвездата беше следена од екипата на „Папарацо лов“, кои забележаа дека таа заедно со својот возач оди во болница на одделението за оториноларингологија и максилофацијална хирургија.
Цеца по излегувањето од автомобилот разговарала на телефон, а во болницата се задржала околу половина час.
Таа се појавила без шминка и фризура, носејќи големи очила за сонце кои го сокриваат лицето.
По прегледот, таа се вратила во својот дом.
Дали Цеца има здравствен проблем или била само на превентивна контрола, останува непознато.