Радио Милева

(ФОТО) Медиумите го прогласија задникот на оваа наша русокоса за ТОП 1, а сега таа го стегна во хеланки за да покаже дека се уште и нема рамна!

(ФОТО) Медиумите го прогласија задникот на оваа наша русокоса за ТОП 1, а сега таа го стегна во хеланки за да покаже дека се уште и нема рамна!

Во денешно време поголемиот дел од фолк пејачките, како кај нас, така и во регионот, својата кариера не ја препуштаат само на нови песни и спотови, туку и на поголема доза на провокација.

Пејачката Џесика Палашоска редовно ги полни забавните рубрики од домашните таблоиди, а не ретко тема е нејзиниот задник како неприкосновен и на позиција ТОП 1.

Дека се уште може да се носи во овој епитет и титула, таа докажа од најновите фотографии на социјалните мрежи каде позира во природа, стегната во краток топ и ултра впечатливи хеланки кои го нагласија нејзиниот најсилен атрибут.

За подобро да се види и долови, Џеси го сврти и напрчи задникот за ефектот да биде уште поизразен.

 

“Се чувствувам посилно кога ги носам овие комотни хеланки”, напиша пејачката под една од фотографиите, а потоа гордо ги редеше на својот профил написите од медиумите кои не ја пропуштија нејзината нова секси провокација во природа, за најприродното на неа повторно да биде на врвот.

 

To top