Мегафон

„Лузер фест 2019“

„Лузер фест 2019“

„Лузер фест“ веќе 10 години е вечер посветена на демо артисти и изведувачи од сите жанрови.

Годинава, од 40 пристигнати материјали, „Пасворд“ ќе селектира 8 млади артисти кои ќе настапат во живо. Победникот го избира публиката во единствена демократска атмосфера и гласање, кои не може да се „фејкуваат“. Има и тајно жири, кое само помага со своето искуство да победи најдобриот.

Наградата за место број 1 e снимање на својот прв студиски албум, објавен од страна на „Пасворд продукција“.

Вратите за посетителите ќе се отворат во 20 часот, а програмата започнува во 20:30 часот. Билети по цена од 100 денари можат да се купат на врата, пред почеток на настанот. Самата карта е и гласачко ливче на кое можете да го заокружите својот фаворит, а гласачката кутија ќе ја побарате во фоајето на МКЦ.

„Лузер Фест“, традиционален предвесник на финалната вечер на „Таксират“ е закажана на 6-ти декември во МКЦ.

To top