ПИН, единствената меѓународна музичка конференција и „шоукејс“ фестивал кај нас, годинава со шесто издание: од 28-ми до 30-ти ноември во Младински Културен Центар.
Таксират и Пасворд Продакшн повторно се домаќини на стотина најрелевантни имиња од музичката индустрија (букери, промотори, новинари, агенти) и на најактуелните млади музички таленти од Европа, регионот и од кај нас.
Во дневната панел програма во Кино Фросина, сите љубители и професионално ангажирани во музиката ќе имаат можност да ги проследат последните трендови на музичката сцена и продукција, алтернативната култура, авторските права и поврзаноста помеѓу политиката и музиката во светот и кај нас.
Провери кои музички професионалци доаѓаат:
https://pinconference.mk/?cat=31
Конференцијата е со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, регистрирај се веднаш, фати место и добиј си акредитација:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdV4xuTGYADPt0u27BTdUd04wxxDaDIjxSnpe77jsqLjKxx3g/viewform
Вечерната концертна програма ќе му донесе на Скопје музички бран од свежина на млади и талентирани артисти, внимателно избрани, кои со најразличната палета од звуци ќе ви сервираат добра журка и музика до раните утрински часови.
Провери кои артисти ќе ги слушаш:
https://pinconference.mk/?cat=30