Првата епизода од втората сезона од серијата „Сенки над Балканот“ веќе се емитуваше, а во неа имавме можност да го видиме и синот на Драган Бјелогрлиќ. Меѓудругото и во интимна сцена со неговата постара колешка Сандра Бугарски. Алексеј Бјелогрлиќ покажа дека и тој, како и неговиот татко, има вонсериски талент за глума.
Малку е да се каже дека Алексеј Бјелогрлик во личност на Бензинац – „растури“. Во првата епизода од втората сезона од популарната серија „Сенки над Балканот 2“, Алексеј Бјелогрлиќ толкува лик на млад боксер од Јатаган Маала кој има важен натпревар во новогодишната ноќ. Сепак, пред самиот натпревар, тој се впушта во интимна врска со Сандра Бугарски, која игра лесна жена во серијата, која се продава себеси за пари.
Патем, втората сезона од популарната серија „Сенки над Балканот“ има десет епизоди и многу нови заплети, поткрепени со историски факти, како и нови и интересни ликови што ги играат познати актери како Весна Тривалиќ, на пример.