Радио Милева

Кортни Кардашијан го напушта семејното реално шоу, а причината ја откри јавно

Кортни Кардашијан го напушта семејното реално шоу, а причината ја откри јавно

Кортни Карадшијан, една од сестрите во светски познатото ријалити шоу „Во чекор со Кардашијанс“, реши да го напушти шоуто по нешто повеќе од десет години.

Кортни гостуваше во една американска емисија каде ја откри причината за нејзината одлука.

„Решив да поминувам повеќе време со моите деца и да им надоместам сè што пропуштивме да направиме заедно“, рече Кортни и додаде дека сепак ќе ја гледаме уште малку.

фото:кортни кардашијан/инстаграм

– Во новата 18-та сезона ќе продолжам да ви досадувам, а потоа ќе се збогуваме – рече таа.

Потсетуваме дека реалната програма за семејството Кардашијан се прикажува од 2007 година и досега се објавени 17 сезони.

фото:кортни кардашијан/инстаграм

На почетокот на шоуто Кортини се уште не беше мајка, а ниту досега не се омажи. Таа сега ги има двата сина – Мејсон (9) и Би (4), и ќерка Пенелопе (7). Таа ги доби своите деца со поранешниот партнер Скот Дисик, кој не беше омилен во семејство кога се појави, и сега стана составен дел од секоја нивна животна епизода.

To top