Неодамна во елитното турско летувалиште Бодрум, се одржа седмата по ред меѓународна манифестација Мис Хеар Бјути и Теса Консалт организирана од Јасин Дикмен од Турција и Сафија Селими од Македонија.
Во рамкте на ивентот кој се одржува секоја есен, годинава настапуваа фризери од Турција, Македонија и Косово, а се организираше и шоу програма.
Шоу групата со натпреварувачкиот тим од Македонија беше предводена од познатиот фризер, стилист и мејк ап артист Тодор Тодороски од Прилеп.
Популарниот Тоше по блиските средби и соработката со Ким Кардашијан, Јелена Розга… и уште еден куп познати домашни , регионални и светски познати фаци, имаше свој фризерски перформанс на кој предизвика „пожар“ во Бодрум!
Тој буквално ја „запали“ сцената претставувајќи се со своето специфично стилизирање со оган.
Среќко Ѓеоргиевски од Гостивар се претстави со необична светлечка авангардна креација на фризура.
Лејла Сезер од Охрид презентираше прекрасна креација на модернизам и етно стил, додека Ајтен Алиевска од Битола покажа што е тренди стил и симбиоза на елементи од природата, а Мирјана Гавровска од Тетово презентираше несекојдневен стил на авангарда.
Членовите на македонскиот шоу тим се претставија со незаборавно театрално шоу за сите гледачи, со многу емоции вметнати во самата претстава, по што ретко кој од публиката можеше да се воздржи од аплауз, овации, а и да не пушти и по некоја солза.