Радио Милева

Јелена Спенџарска преку соопштение на „Инстаграм“ најави дека се повлекува од социјалните мрежи (фото)

Јелена Спенџарска преку соопштение на „Инстаграм“ најави дека се повлекува од социјалните мрежи (фото)

Во денешното време, преку социјалните мрежи може да дознаеме за активностите на јавните личности како во Македонија, така и во регионот.

Водителката Јелена Спенџарска е една од најактивните корисници на социјалните мрежи каде редовно ги информира своите следбеници за нејзините ангажмани и активности.

фото: инстаграм

Така, Спенџарска редовно го користи својот „Инстаграм“ каде секојдневно постира објави известувајќи ги фановите за нејзините најнови слувања, но и промовирајќи одредени брендови и производи.

Спенџарска деновиве ги извести своите фанови дека накратко ќе се повлече од социјалните медиуми поради смртен случај во фамилија.

„Би сакала да ги известам моите пријатели (посебно соработниците кои очекуваат објави за нивните производи и услуги) дека на кратко ќе се повлечам од социјалните мрежи поради смртен случај во нашата фамилија.Нема да бидам во Скопје до четврток и ако треба можете да ме добиете на мојот мобилен. Ви благодарам на сите за разбирањето“ напиша Спенџарска.

фото: Инстаграм
To top