Неодамна започнаа снимањата на четврата сезона на „Преспав“ која ќе започне да се емитува во декември на првиот канал на Македонската Радио телевизија, а емисиите ќе бидат достапни и на каналот на „Јутуб“.
Васил Зафирчев кој ја играше улогата на готвачот Марио во интервју за „7дена.мк“ вели дека со нетрпение очекувал да се врати на снимањата.
Исто како и огромната армија верни фанови и екипата со нетрпение го очекуваше снимањето на четвртата сезона на „Преспав“, особено заради тоа што со новите 20 епизоди ќе го одбележиме и јубилејот :100 снимени епизоди на најуспешната ТВ серија кај нас. Факт достоен за почит, но и за големо задоволство кај сите нас кои со љубов и посветеност ги создававме изминатите три сезони на серијата“ вели Зафирчев.
фото: Инстаграм
Тој открива дека ликовите ќе ги задржат своите карактеристики, но публиката може да очекува и одредени изненадувања.
Главните ликови на „Преспав“ го задржуваат својот препознатлив карактер и шарм со кои го градат комичниот ефект на серијата, но има одличен развој во сценаријата кои ја збогатуваат биографијата на ликовите и нивните меѓусебни односи, создавајќи нови комични ситуации и заплети. Големо изненандување за публиката ќе бидат и актерите кои ни гостуваат во пансионот. Публиката секако може да очекува многу смеа и забава во овие нови 20 епизоди на „Преспав“.
фото: Инстаграм
Што се однесува до неговиот лик, односно до ликот на готвачот Марио, Зафирчев вели:
Марио е како мачка во карактерот. Се појавува кога најмалку го очекуваш, прави заплет во ситуацијата, но на крајот секогаш се дочекува на нозе и го добива она што го наумил. Превртливоста и вештата манипулација остануваат негов заштитен знак. Биографијата на ликот е јасна и препознатлива, со таа разлика што во изминативе три сезони поднаучи и по нешто да зготви. Па така од медитеранска кујна со балкански шмек, полека стигна и до комбинации на азиска и балканска кујна. Во оваа четврта сезона главен фокус на ликот е да ги преживее турбулентните промени, да ја зачува својата позиција, но и веќе изградените односи со другите ликови од пансионот, вели Зафирчев за „7дена.мк“.
Васил потенцираше дека можел да работи на снимањата без пауза.
– Се радувам ако се препознава тоа. И не само заради внимателно избраниот состав на екипата, посветеноста и високите професионални стандарди во работата, туку пред се заради меѓусебната љубов и почитување, заради кои „Преспав“ стана фамилија. А со луѓе кои ги чувствувате блиски како фамилија, можете да работите до крајот на животот.
фото: Инстаграм
Меѓутоа, кога екипата не снима и прави паузи го користи моментот да ужива и да се шегуваат, забавуваат, но и да ги овековчат заедничките моменти со некоја фотографија.
Така неодамна Тијана ги снимаше своите колеги додека чекаат да почнат со снимање, па откри каква атмосфера владее во пансионот.
Деновиве, Зафирчев на социјалните мрежи објави заедничко селфи со неговите односно со Горан Стојановски кој ја играта на инспектор Томе и Дритон Вејсели кој стана еден од омилените актери со ликот на рецепционерот Талат.
„Рецепција – кујна – инспекција“ напиша Васил под заедничката фотографија.
фото: Инстаграм
Какви изненадувања, новитети и се што не очекува во четвртото продолжение, останува да почекаме да дојде декември.
За потсетување, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија.