Македонската млада пејачка Aнтониа Гиговска во региоалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички алл старс“ остави силен впечаток со својот глас и стас.
Имено, пејачката често добивше пофали на сметка на своите вокални способности, но и на сметка на нејзините модни комбинации за кои жирито имаше само убави зборови.
Имено, Гиговска неколку пати досега истакна дека кога е во прашање нејзиниот стајлинг соработува во Викторија Бурсаќ и напомена дека секогаш и помага во одбирот на модните креации.
На сцената на „Пинкови ѕвездички“ можевме да ја видиме во разни модни комбинации, но и кога станува збор за јавни настапи, Гиговска секогаш одбира поразлични модни парчиња кои на некои им се допаѓаат, а на некој не.
Антониа неодамна инвестираше во својот изглед, па ја промени бојата на косата и стана русокоса.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/antonia-gigovska-napravi-drastichna-promena-a-prviot-komentar-go-dobi-od-nejzinoto-momche-foto/
Меѓутоа, деновиве Гиговска ги изненади своите следбенци на „Инстаграм“ кога позираше на фотографија на која не носише градник, а под белата кошула ѕиркаат нејзините гради.
Фотографијата за краток рок собра повеќе од 9 000 лајкови, а под неа се нижеа коментари, а прв беше оној на нејзиното момче Иван Јованов.
Од друга страна, Гиговска во кратките приканзи на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира само во пењоар и во кревет, а на нејзиното лице може да се забележи широка насмевка.