Радио Милева хепи енд хорор

Српскиот фолкер Миланче Радосављевиќ има бизарна судбина: Починал по удар од гром, арамии го откопале за да го ограбат, а тој оживеал среде грабежот на гробот!

Српскиот фолкер Миланче Радосављевиќ има бизарна судбина: Починал по удар од гром, арамии го откопале за да го ограбат, а тој оживеал среде грабежот на гробот!

Во младоста, на српскиот хармоникаш и пејач од повозрасната генерација Миланче Радосављевиќ му се случило  нешто што е еднакво на најбизарните филмски приказни – клиничка смрт по удар од гром кога се засолнил под едно дрво додека грмело. Бидејќи мислеле дека тој починал, семејството го погребало, заедно со хармониката што едвај ја купил и што ги задолжило неговите родители. Тогаш таа чинела 25.000 динари, а платата на неговиот татко била само 6.000 југословенски динари.

Според зборовите на неговите соселани, некои арамии веднаш по погребот отишле на гробиштата за да му го украдат инструментот, по што се соочиле со вистински хорор! Имено, кога го откопале гробот, Миланче оживеал и наводно засвирел во моментот кога се обиделе да му ја грабнат хармониката. Шокирани, во страв и паника арамиите се разбегале, а нивниот чин се смета за благослов – затоа што се установило дека се работи за клиничка смрт на музичарот, кој оживеал, и да не го откопале за да го ограбат, ќе се задушел во сандакот положен и закопан во гробот.


Миланче, сфаќајќи што всушност се случило, си дошол дома весел свирејќи по пат на хармониката. На прагот од семејната куќа тој се појавил со својата скапоцена хармоника в раце! Откако родителите се опоравиле од шокот и неверувањето, неговиот татко потоа ги барал крадците да ги награди, но никој не одговорил на јавниот повик.


Пејачот на народна музика, од друга страна, останал жив и добар, но со некои последици од ударот од гром. Чудно било тоа што наставникот по музичко го однел на часови по хармоника, бидејќи прстите по несреќата му останале згрчени на рацете, што било резултат на ударот од гром. Миланче наскоро почнал и да пее по кафеани, а набргу станал и многу баран, па во еден момент дури бил забележан и од Аца Степиќ, која предложил Миланче да сними плоча, по што тргнала неговата естрадна кариера.


Денес е женет, има две деца и четири внуци. Неговиот син свири хармоника, а неговата ќерка дипломирала на одделот за пијано и работи како професор во музичкото училиште „Станковиќ“ во Белград. Тој себе си се смета за среќен и задоволен човек, кој се’ уште се појавува на телевизија и настапува.

https://www.youtube.com/watch?v=8yGiyYrs_b4

To top