Кога зачекори на естрадата, тој беше во врска со моделот и манекенка Ивона, но по прекинот со неа, се зборуваше дека Саша Ковачевиќ е во „шема“ со сега покојната, Ксенија Пајчин.
„Саша го запознав овде во 2002 година. Доаѓаше кај нас додека одеше на училиште. Тој беше наш гостин, а и првиот настапго имаше тука во 2003 година“, открива Милорад Д. сопственикот на кафулето, каде што публиката од Земун го запознала Саша Ковачевиќ за прв пат. Според тврдењата на сопственикот, тој честопати се среќавал со покојната Ксенија Пајчин, токму во нивното кафуле и бил многу близок со неа.Се шпекулираше дека тие се повеќе од пријатели, иако никој од нив тоа не го потврдил.
„Доаѓаа кај нас навечер на по една-две пијачки. Доаѓаа или сами или со уште некого во друштво … Не можам да се сетам сега точно…“ – раскажува за нивниот однос сопственикот на кафулето.