Поминаа речиси две години откако заврши снимањето на хит серијата „Вљубениот ерген“ која до неодамна имавме можност да ја следиме на една од националните телевизии.
Серијата постигна голем успех, доби награда за најдобра комедија во 2016 година, а пак актерската екипа поради огромниот успех, доби и поголема популарност, а со тоа и нови улоги во серии.
Покрај Омер и Дефне кои сега станаа Ада и Мерт во серијата „Време за среќа“, актерот Салих Бадемчи кој го глумеше Синан, партнерот на дизајнерот Омер, исто така продолжи со својата актерска кариера, особено со улогите во театар.
Салих е често активен на социјалните мрежи, а неодамна објави нови фотографии со сопругата на кои е вистински Турчин, со долги мустаќи и доста поразличен од оној Синан каков го запознавме.