Радио Милева

Стави крај на сите шпекулации: Андреана Чекиќ со една видео снимка откри дали се смирила со момчето

Стави крај на сите шпекулации: Андреана Чекиќ со една видео снимка откри дали се смирила со момчето

Српските медиуми пишуваа дека Андреана Чекиќ ја раскинала свршувачката по скандалот кој се случи на турнејата во САД.

Имено, наводно нејзиното момче Марко Милошевиќ ја плукнал во лице и ја скинал мајцата. Откако се појавија овие гласини, Чекиќ од својот „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии со Марко, па тоа уште повеќе ги зголеми шпекулациите дека не се заедно.

Деновиве, некои од медиумите пишуваа дека Андреана се смирила со Марко, а оваа информација ја потврди и самата пејачка.

фото: Инстаграм

Имено, Андреана одговараше на прашања на „Инстаграм“ и кога некој од фановите ја праша што се случува со нејзината врска, таа го снимаше Марко  како вози автомобилот и вели:

„Што е со нашата врска? Заедно сме, се сакаме и ништо нема да не раздели, ќе бидеме заедно до крајот на животот“ вели Марко во видеото на „Инстаграм стори“.

 

фото: принтскрин/инстаграм
To top