По многуте концерти за деветиот студиски албум „Извор“, Каролина Гочева го заокружи својот последен музички проект, а оттогаш новитетите поврзани со неа, барем оние што ги објавува во јавност, се однесуваат само на моден план.
Каролина Гочева освен во музиката, стана се поактивна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е.
Постојано остварува нови соработки со познати модни брендови кои ги има и на македонскиот пазар, а за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.
Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, полна со грациозност и став.
Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии и тоа за секое годишно време и прилика.
Со старот на есента, очекувано осамнуваат и модните кампањи за тековната сезона, а овој пат Керол позира во есенско издание од елегантен комплет од твид, кој потсетува на моделите од „Шанел“, а во фокусот се нејзините голи нозе нагласени од кусото здолниште.
Следбениците и пријателите не останаа имуни да не и поласкаат, а во еден од коментарите обожавател и порача дека во вакво издание им набива комплекс на помладите!