Ивана Петерс откри дека групата „Тап 011“ се распаднала затоа што Гоца Тржан и таа не се поднесувале.
Поточно, Ивана Петерс која важи за една од најдобрите вокали на Балканот, и сегашна учесничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, тврди дека колешката била љубоморна на нејзиното пеење.
-Гоца беше љубоморна на моето пеење, но таа не сакаше да вежба. Многупати ја терав да дојде да и покажам како да го стори тоа подобро, но таа никогаш не дојде. Мислеше дека е најдобра, но сите бевме такви на таа возраст – рече Ивана.
Таа објаснува дека двете никогаш не биле во можност да најдат заеднички јазик.
– Гоца и јас не се разбиравме добро кога бевме членки на групата „Тап 011“ затоа што бевме сосема различни. Сепак, ние никогаш не сме се расправале отворено ниту сме кренале глас една на друга. Тоа повеќе беше студена војна што ги одведе сите на своја страна, а подоцна ситуацијата се смени целосно:
-Кога и двете станавме мајки и добивме деца, созревавме и станавме блиски. Сензибилитетот сега ни е многу поблизок и тоа ми се допаѓа тоа, завршува пејачката.