Радио Милева скриена камера - без камера

Лекарка влета во претставата да и помогне, додека актерката Слобода Миќаловиќ „умираше“ на сцената на „Народниот театар“ во Ужице (ФОТО)

Лекарка влета во претставата да и помогне, додека актерката Слобода Миќаловиќ „умираше“ на сцената на „Народниот театар“ во Ужице (ФОТО)

Додека , а актерите околу неа навистина изгледаа загрижени и нервозни, лекарка од публиката се качи на сцената за да и помогне!


Таа не била единствената што се качила на сцената при изведбата на театарското дело „Лоренцачо“. Друг лекар дојде од последните редови до сцената, додека неколкумина од нив викале во паника: „Неа навистина не и е добро! Помогнете и!“.
Сето тоа се одигрувало на втората натпреварувачка вечер на „Југословенскиот театарски фестивал“, додека полната сала во еден здив ја следела претставата „Лоренцачо“.

Во една сцена, актерката Слобода  Миќаловиќ ги мавта рацете како да не и е  добро и паѓа, а ја прифаќа актерот Бранислав Лечиќ. Тој вика: „Отворете ја вратата!“ Приоѓаат и други актери од зад сцената, кои делуваат загрижено. Во тој момент, во публиката настанува метеж, некои стануваат и викаат: „Помогнете и!“.

Д-р Мира Гавриќ, началник на неврологија во болницата во Ужице, прва се качува на сцената, а д-р Богдан Дамњановиќ стигнува до половина пат од задниот ред. Потоа, еден од актерите ја прегрна лекарката и  покажа како чита текст од мобилен телефон. Дури тогаш докторите и загрижената публика сфатија дека сега и тие се дел од претставата. Нешто како скриена камера без камера, во живо на сцената!

Фото: Владимир Шпорчиќ/Јутјуб принтскрин

To top